Сообраќајна полиција / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Над две илјади сообраќајни санкции изрекла полицијата за три дена

Во изминативе три дена (13./14./15.05.2025) во рамки на реализираните сообраќајни контроли што полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи во континуитет ги спроведуваат на патиштата низ земјава, вкупно беа издадени 2018 платни налози од кои што во најголем број, односно половината се однесуваат на прекршоците: непрописно паркирање 600, брзина на движење спротивна од пропишаната 256, како и управување на возило без возачка дозвола 204 прекршоци, информираа од МВР.

Покрај овие прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, исто така евидентирани беа подеднаков број прекршоци по основ на користење на мобилен телефон и некористење сигурносен појас при што санкционирани се по 117 учесници во сообраќајот, а пак дури 119 возачи на мотоцикли се санкционирани за неносење заштитна кацига. Во рамки на контролите деветмина возачи минале на црвено светло, изречени се 26 мерки возење под дејство на алкохол, а санкционирани биле и 25 пешаци.

По основ пак на Законот за возила од вкупно 67 возила отстранети од сообраќај, 24 биле технички неисправни, а 43 не биле регистрирани.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот