Бродови со кои се превезуваат мигранти/Фото: AFP / AFP / Profimedia

Повеќе од 90 загинати откако брод со мигранти се преврте во Јемен

Повеќе од 90 лица загинаа во потонувањето на брод со мигранти крај брегот на Јемен во неделата, соопштија јеменските власти и портпаролот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Бродот, кој превезувал претежно Етиопјани, потонал додека пловел кон јужната јеменска покраина Абјан, популарна дестинација за криумчари кои превезуваат мигранти со надеж дека ќе стигнат до богатите монархии во Персискиот Залив.

Се очекува бројот на жртви да се зголеми бидејќи, според ИОМ, на бродот што потона имало 157 лица. Во претходниот извештај на јеменските безбедносни сили се споменуваат 76 мртви и 32 спасени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот