Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Над 6.000 граѓани сакаат да отворат бизнис со државни пари

Планот за 2025 година предвидува инвестиција од 40 милиони евра, насочена кон повеќе од 10.000 граѓани

Над 2.000 мали, микро и средни претпријатија се пријавиле досега за субвенционирано вработување, што според министерот за економјија и труд Бесар Дурмиши е доказ за високиот интерес на приватниот сектор да учествува во креирање нови работни места. Презентирајќи го Оперативниот план за вработување 2025 година, Дурмиши во Струга информираше и дека финансиската поддршка за започнување сопствен бизнис е успешно затворена со над 6.000 апликации, а во тек е селекција на корисниците.

-Обуката кај познат работодавач и понатаму останува една од најефикасните алатки за вработување, директно поврзувајќи ги граѓаните со компаниите што бараат кадар.
Овие бројки не се само статистика – зад секоја апликација стои приказна. Нашата задача е да ја поддржиме таа одлука со реални алатки – порача Дурмиши. Оперативниот план е алатка за секој кој сака да започне, да се дообучи или да се вработи, а целта според Дурмиши е да се создадат можности во земјава.

Планот за 2025 година предвидува инвестиција од 40 милиони евра, насочена кон повеќе од 10.000 граѓани. Мерката за практикантство обезбедува вклучување на 1.352 млади лица до 29 години, од кои 40 преку онлајн практикантство. Секој учесник ќе добива месечен надомест од 12.000 денари во период од три месеци.

Настанот во Струга е дел од поширока теренска кампања, со која Министерството и Агенцијата за вработување ги претставуваат мерките директно пред граѓаните. Следуваат презентации во Гостивар, Кичево, Сарај, Липково и други општини со висока стапка на невработеност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот