Масакр на Друзи во Сирија/Фото: EPA/MOHAMMED AL RIFAI

Над 200 мртви во Јужна Сирија, многумина погубени набрзина

Сириската опсерваторија за човекови права, невладина организација, во вторникот објави уште поголем број жртви во судирите во јужната покраина Свеида, наведувајќи 203 мртви од почетокот на судирите во неделата меѓу заедниците на друзите и бедуините, по што следеше распоредување на сили од страна на де факто властите во областа.

„Бројот на жртви поради борбите и егзекуциите во Свеида од недела наутро достигна 203“, соопшти невладината организација.

Станува збор за 92 Друзи, вклучувајќи 21 цивил кои биле погубени по брза постапка од страна на силите на министерствата за одбрана и внатрешни работи, 93 припадници на силите поврзани со владата и 18 бедуини, според истиот извор.

Судирите во Сирија меѓу малцинството Друзи и бедуините се најновите во низата слични конфронтации што се случија откако новата влада на Сирија ја презеде власта во декември 2024 година, заменувајќи го режимот на Асад, забележува „Џерусалем пост“.

Друзите во Сирија честопати се обидуваат да одржат делумна автономија, тренд што се зголеми за време на граѓанската војна во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот