Фото: МИА

Началникот на Армијата Ѓурчиновски на конференција на земјите од Јадранската повелба во Драч

Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска учествуваше на Дваесет и третата конференција на началниците на генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5), што се одржува во албанскиот град Драч.

Учесниците на конференцијата дискутирале на тема „Зајакнување на интероперабилноста и подготвеноста на НАТО за соочување со заеднички безбедносни закани и предизвици”.

Говорејќи за заедничките безбедносни предизвици, генералот Ѓурчиновски во своето обраќање пред учесниците ги истакнал достигнатата интероперабилност и способности на Армијата на Република Северна Македонија во изведување на заедничките воени активности и значењето на соработката во рамки на иницијативата, кое придонесе за нашиот напредок во реформите и веќе извесното скорешно полноправно членство на Република Северна Македонија во НАТО, што е и една од нашите заеднички цели со оваа иницијатива.

По потпишување на заедничката изјава, како дел од програмата, соопшти денеска ГШ на Армијата, генералот Ѓурчиновски ќе оствари официјални билатерални средби со заменик на командантот на Европската команда на Вооружените сили на САД, генерал потполковник Стивен Твити и командантот на Косовските безбедносни сили, генерал потполковник Рахман Рама.

На конференцијата учествувале началници на генералштабовите на армиите на земјите членки на САД-Јадранската повелба (Македонија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора), заменик командантот на европската команда на ВС на САД, командантите на националните гарди (НГ) од сојузните држави на САД, кои се партнери на земјите од А5, како и заменик на НГШ на ВС на Словенија и командантот на Косовските безбедносни сили во својство на набљудувачи.

– Армијата на Република Северна Македонија со активно учество во мисиите предводени од НАТО и меѓународните вежби, ја има потврдено посветеноста на основачките принципи на САД – Јадранската повелба потпишана во Тирана, во мај 2003 година, а тоа е стабилизација, просперитет и евроатлантско интегрирање на земјите од регионот – стои во соопштението од ГШ на Армијата.

Конференциите на началниците на генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5) се на ротирачки принцип, а Република Северна Македонија беше домаќин на дваесет и првата Конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот