
Набавени девет повратни вендинг машини за пластични и стаклени шишиња во Општина Центар
Првите девет од планираните 27 повратни вендинг машини за пластични и стаклени шишиња набавени од ЈП „Паркинзи на Општина Центар” денеска пристигнале, кои локациски ќе бидат поставени низ целата територија на оваа општина.
Препорачано
– Центарци наскоро ќе го започнат светскиот тренд во рециклирањето и ќе се вклучат во процесот на селективно одложување отпад со цел да придонесат во одржување на јавната чистота и да обезбедат здрава и чиста животна средина во општината. За секое рециклирано шише жителите на општина Центар кои ќе се вклучат во овој процес ќе добијат 1,5 денари на новата платежна картичка „Green Pay Card” која ќе биде пуштена во употреба по поставувањето на машините. Со оваа картичка тие ќе имаат можност да купуваат со попуст во одредени маркети, продавници, локали и слично или да плаќаат за услугите кои ги нуди претпријатието, информираат од ЈП „Паркинзи на Општина Центар”.
Оттаму соопштуваат дека до крајот на 2020 година ќе бидат поставени уште 18 повратни вендинг машини кои ќе бидат обезбедени од Општина Центар.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
17мин
-
26мин
-
31мин
-
37мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5