На универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип има дури 1.600 слободни места

На државниот универзитет „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип денеска и утре е вториот уписен рок за упис на студенти во прва година за академската 2025-2026 година. Проректорот на универзитетот денеска изјави дека идните студенти може да се запишат на некој од факултетите и академиите на УГД, на кои има дури 1.600 слободни места, на сите студиски програми освен на општа и дентална медицина.

– Овие два дена очекуваме да аплицираат односно да направат профил на нашата веб-страна, да пополнат општи информации. Од првиот уписен рок можам да кажам дека сѐ уште има слободни места. Но, на општа медицина се е пополнето, има голем интерес и на дентална медицина, но на другите студиски програми имаме слободни места, вели Џидров.

На 17 и 18 септември ќе има и трет уписен рок, а конкурс ќе има и во октомври. Тој ќе биде наменет за студенти од ранливи категории и на нив ќе им се помогне при плаќањето партиципација.

– Во октомври таргетираме повеќе ранливи категории на студенти кои изминатите години увидовме дека имаат потреба од помош, па така во октомври ќе објавиме конкурс, во кој ќе се таргетираат категории на студенти со еден родител, со починат родител, без родители. Тој конкурс е дополнителен и ќе ги повикам нашите студенти да аплицираат ако се во тие категории и да ги помогнеме со ослободување од пола плаќање на партиципација, изјави Џидров. Првиот академски час на факултети и академиите при УГД е на 1 октомври, објави МИА.

Во првиот уписен рок во август на Универзитетот УГД беа објавени 2.100 слободни места за идните бруцоши ( на 12 факултети и 3 академии) и 820 за вонредни студенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!