Судење на принцот Ендрју за сексуално злоставување малолетничка / Фото: ЕПА

На принцот Ендрју ќе му се суди за сексуално злоставување малолетничка

Американскиот окружен судија Луис Каплан денеска изјави дека британскиот принц Ендрју треба следната година да биде подготвен за судската постапка по обвинението дека сексуално ја злоставувал Вирџинија Џуфри, во период кога таа имала помалку од 18 години и кога, како што тврди, била злоставувана од сега починатиот бизнисмен Џефри Епштајн.

Каплан очекува судењето по граѓанската тужба на Џуфри да почне во периодот од септември до декември следната година, под услов да се обезбеди безбедност на поротата во текот на пандемијата на коронавирусот.

-Ќе гледам тоа да биде во септември, но во секој случај целта е судењето да биде во периодот од октомври до декември, рече Каплан на телефонска конференција со адвокатите на принцот Ендрју и Џуфри.

Џуфри (38) во август го тужеше принцот Ендрју за „неутврдена штета”.

Таа тврди дека принцот Ендрју ја принудил на секс во Лондон во куќата на Гислен Максвел, долгогодишен соработник на Епштајн, и ја малтретирал во вилата на Епштајн на Менхетен и на еден од приватните острови на Епштајн на Американските Девствени Острови.

Принцот Ендрју (61) ги негираше обвинувањата на Џуфри и го повика судијата Каплан да ја отфрли тужбата.

Епштајн изврши самоубиство во август 2019 година во затворот во Менхетен, додека го чекаше судењето за обвинение за сексуална експлоатација.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот