Фото: FC Bayern München/X

На почесниот претседател на Баерн му пукнала вена, итно бил пренесен во болница

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, завршил во болница откако му се слошило за време на хуманитарен голф турнир, пренесуваат германските медиуми.

Причината за итната интервенција била пукање на вена, по што Хенес бил веднаш пренесен во најблиската медицинска установа. Според истите извори, неговата здравствена состојба во прв момент била сериозна, но докторите успеале навреме да реагираат и да го стабилизираат.

По укажаната помош во болницата, Хенес е отпуштен на домашно лекување, каде што ја продолжува рехабилитацијата.

Хенес остави длабока трага и како фудбалер и како функционер на Баерн. Настапуваше за баварскиот гигант од 1970 до 1978 година, освојувајќи три титули во Бундеслигата и три трофеи во Купот на Германија. Беше дел и од славната генерација на репрезентацијата на Западна Германија која стана светски шампион во 1974 година и европски во 1972. По крајот на активната кариера, Хенес остана во клубот, најпрво како спортски директор, подоцна и претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот