Штип / Фото: МИА

На пешачки премин во Штип прегазени две девојчиња

Од Министерството за внатрешни работи утрово информираат дека две ученички од прва и втора година од ЕМУЦ „Коле Нехтенин“ од Штип изутрината околу 7:20 часот се повредени откако во нив удрил „цитроен“, управуван од 28-годишен штипјанец.

Девојчињата се однесени во Клиничката болница, каде им е укажана лекарска помош.

„Денеска (10.10.2023) околу 07.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул. „Гоце Делчев“ во Штип, патничко моторно возило „цитроен ц1“ со германски национални ознаки, управувано од Н.Б.(28) од Штип, удрило во две малолетнички на возраст од 16 и 15 години. Во несреќата, 16 – годишната малолетничка се здобила со тешки телесни повреди, а другата со телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип“ – соопштија од СВР Штип.

Според информациите, едното од девојчињата имало скршеници, додека другото, како што потврдија од Клиничката болница, поминало само со лесни телесни повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот