Фото Reddit

На оваа фотографија има шест елени: Само вистинските детективи можат да ги најдат сите

На Редит се појави задача која ги воодушеви љубителите на загатките и предизвика голем интерес меѓу корисниците. Корисник на популарниот сајт „FindTheSniper“, објави фотографија која на прв поглед се чини дека е обичен шумски пејзаж со дрвја и елени кои слободно шетаат.

Но, тука има вистинска детективска задача: на сликата се кријат шест елени. Прашањето е дали можете да ги најдете сите?

There are six deer in this photo, I promise
byu/katrinkabuttlin inFindTheSniper

Додека некои со леснотија ги забележаа сите шест елени, многумина се најдоа целосно збунети, а коментарите брзо ја преплавија страницата со различни реакции.

„Има два што морав да ги барам, другите четири се сосема очигледни“, „Јас гледам само пет, не може да го видам третиот десно, како што тврдат некои“, „Најдов седум, а потоа сфатив дека тоа се лисја“, „Ги најдов“, „Ова е кул“, напишаа тие.

Каде лежи одговорот?
На оваа фотографија всушност навистина има шест елени. Иако првите четири, кои се еден позади друг, се многу лесни за пронаоѓање и речиси очигледни, за последните два треба повнимателно да набљудувате.

Еден од овие елени е скриен зад дрво – речиси се споил со кората, додека другиот е речиси невидлив поради големото количество лисја кои имаат иста боја како ова шармантно животно.

Фото Reddit

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот