На новиот директор на АНБ Христовски прво му бил одземен, па му бил вратен безбедносниот сертификат, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска пред медиумите рече дека на новоназначениот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан христовски, му била нанесена неправда со тоа што му бил одземен безбедносниот сертификат.

Му бил одземен, но сега му е вратен, вели Мицкоски, кој смета дека Христовски не е партиски избор за оваа сензитивна функција.

-Христовски доби безбедносен сертификат и не гледам причина зошто човекот кој што го поминува речиси цeлиот работен век во безбедносниот сектор, да не ја извршува успешно челната позиција во АНБ. Има доста уплашени структури и има за што да се плашат, а се дел од поранешната власт. Во периодот што следи ќе ја дознаете вистината. – Христијан Мицкоски – Претседател на владата.

Од опозициската СДСМ пак, побараа Христовски да биде разрешен и обвинија дека власта според нив, спроведува опасна партизација на Агенцијата за национална безбедност, бидејќи бил претседател на градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!