Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

На неверојатен начин се спасија од испаѓање, па се разделија со десет фудбалери

На неверојатен начин екипата на Бохум се спаси од испаѓање од германската Бундеслига, а сега објави разделба со дури десет фудбалери. Бохум во двомечот од баражот прво беше поразен од Фортуна Дизелдорф со 3:0, а потоа во реваншот успеа да возврати на ист начин по 90 минути, па со гол во продолженијата и да го зачува прволигашкиот статус.

По тој натпревар следуваа големи промени во клубот. Прво си заминаа: Патрик Остерхаг (Фрајбург), Андреас Лут (крај на кариерата) и Данило Соарес (Нирнберг), а во петокот Бохум ја информираше јавноста дека летово заминуваат уште седум играчи.

Помеѓу оние што заминаа се: Кевин Штегер на кого му истече договорот, потоа Такума Асано кој одигра 90 натпревари и постигна 14 гола, па Кевен Шлотерберг и Гонзало Пасиенца, додека резервниот голман Михаел Есер од наредната сезона ќе биде во стручниот штаб. Исто така заминаа и Филип Форстер и Мориц Ромлинг.

Бохум на Агон Елези обезбеди опстанок во Бундес лигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот