Хути во Јемен/Фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

На нападите на Хутите одговорот ќе биде од библиски размери, се закани Израел

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес предупреди дека ќе следи одговор од „библиски размери“ откако јеменските бунтовници Хути испалија три балистички ракети кон Израел во рок од 24 часа.

„Хутите повторно испукуваат ракети кон Израел. Чумата на темнината, чумата (на смртта) на првороденото, ќе ги направиме сите 10 чуми“, објави Кац на Нетворк Икс, пренесува Тајмс оф Израел.

Израелската армија (ИДФ) објави дека се пресретнати две ракети, дека третата паднала надвор од Израел и дека нема повредени, но дека една од ракетите имала боева глава од касетна бомба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!