Фото: EPA-EFE/FRANCK FIFE / POOL MAXPPP OUT

На Мбапе му е доста од шпекулации, ги демантираше француските медиуми

Oд вчера во француските медиуми беа актуелни новите шпекулации во врска со иднината на Килијан Мбапе.

Се пишуваше дека ПСЖ му поставил ултиматум на Мбапе ако не го продолжи договорот, да биде продаден ова лето. Причина за ваквите најави е што неговиот договор истекува 2024 година и тогаш би можел да си замине бесплатно.

Веднаш во прв план се истакна Реал Мадрид каде што се ослбоди место со заминувањето на Карим Бензема во Саудиска Арабија. Мбапе на таквите шпекулации стави крај со објава на социјалните мрежи.

„Лаги. Веќе кажав дека следната сезона ќе играм во ПСЖ каде што сум среќен“, објави францускиот голгетер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот