Фото: EPA-EFE/Ian Walton

На легендарниот англиски фудбалер му се слошило среде лет, авионот принудно слетал

Поранешниот англиски фудбалер Стјуарт Пирс се соочил со здравствени проблеми при летот со кој се враќал од САД.

Летот на Хитроу бил пренасочен кон Св.Џонс во Канада откак Пирс почувствувал силни болки и бил пренесен во болница. Откако го оставил Пирс авионот го продолжил летот и пристигнал во Велика Британија, но шест часа подоцна од планираното.

Засега не се познати деталите за здравствената состојба на славниот фудбалер.

Во својата кариера Пирс одигра над 700 натпревари, а дресот на Англија го носеше 78 пати. Еден период беше и капитен, додека како тренер помеѓу останатите ги водеше Манчестер сити и репрезентацијата на Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот