Фото: Промо

На концертот „Македонијо во срце те носиме” на 7 декември ќе биде отпеана уште една песна од опусот на легендарниот Гоце Николовски

На големиот концерт „Македонијо во срце те носиме“ закажан на 7 декември во Филхармонија ќе биде отпеана уште една песна од опусот на легендарниот Гоце Николовски. Имено, по „Има една земја сонце што ја грее“ публиката во сабота премиерно ќе има можност да ја чуе и „Како пиреј“.

Оваа моќна композиција што Николовски ја отпеа во далечната 1994 година на Фолк фест Валандово, пред публиката во Филхармонија, а во придружба на симфониски оркестар ќе ја запее Ламбе Алабаковски.

Освен „Како пиреј“ и веќе добро познатите 12 нумери кои публиката имаше можност да ги чуе на концертите кои се одржуваа ширум земјата во изминатите речиси две години, на сцената како новитет ќе ги чуеме и „Молитва“ на авторот Миле Барбаровски, а што ќе ја отпее Бојана Скендеровски и „Има една земја сонце што ја грее“ во интрепретација на Сузана Спасовска и Александар Тарабунов.

За преработките, но и оркестрациите на сите 15 нумери е задолжен маестро Николче Мицевски, додека симфонискиот оркестар ќе музицира под диригентската палка на Сашо Татарчевски.

Влезниците се продаваат преку мрежата на www.kupikarta.com, а организаторите „Скендеровски продукција“ откриваат дека сите средства од продажбата ќе бидат насочени во хуманитарни цели.

Низ целиот музичко-драмски перформанс публиката ќе ја води актерот Дејан Лилиќ.

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот