Полициско возило на Албанија / Фото: МИА

На Ќафасан албанската полиција уапси македонски државјанин баран со потерница од австриските власти

Дваесет и деветгодишен маж од Северна Македонија е уапсен и привремено приведен со цел екстрадиција во Австрија, откако се обидел да ја напушти Република Албанија, додека австриските власти го барале како осомничен за кривично дело „трговија со дрога“, објавија албанските медиуми.

Како резултат на детални контроли и проверки при влез/излез, со цел сузбивање на незаконитостите на границата, како и приведување на барани државјани кои се обидуваат нелегално да се движат за да избегнат кривична одговорност, службите на граничната полиција од Ќафасан го приведоа на излез македонскиот државјанин Монди Гитлан, 29 години, жител на Велешта, Северна Македонија, пишува Ора Њуз повикувајќи се на извори од албанската полиција.

Од извршените проверки и од информациите разменети со австриските партнери, преку Интерпол Тирана, произлезе дека тој е меѓународно баран од Интерпол Виена, Австрија како осомничен за сторено кривично дело „трговија со дрога“.

Интерпол Тирана, во соработка со колегите во Австрија, ги продолжува процедурите за екстрадиција на 29-годишникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот