Фото: EPA-EFE/Peter Kneffel / POOL

На Германија ѝ требаат центри за депортација, вели баварскиот премиер и апелира за построга имиграциска политика

„Безбедноста на прво место. Доста, доста, доста! Последниот напад бара нулта толеранција. Имиграцијата премногу ја оптоварува нашата земја“, рече баварскиот премиер Маркус Зедер за време на прес-конференцијата што ја одржа пред неколку часа за вчерашниот напад врз децата во градинка, кој резултираше со смрт на момче на возраст од 2 години и 41-годишен маж.

Зедер повика на суспензија на визите за патување, особено за Авганистанците, повеќе депортации и помалку бегалци.

„Оние кои треба да заминат, мора да одат во својата татковина. На Германија и требаат центри за депортација “, рече баварскиот премиер и предложи државно финансирање на дневни специјални летови, со помалку процедури и бирократија, но и без готовина за депортираните мигранти.

Маркус Зедер, исто така, го критикуваше забрзувањето на процедурите за државјанство што минатата година ги реши владата на Шолц.

„Нашата партија смета дека тоа е погрешно и ќе го промени“, рече тој, мислејќи на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), партнер на Христијанско-демократската партија (ЦДУ), која ја предводи.

На истата прес-конференција, баварскиот министер за внатрешни работи, Јоаким Херман, рече дека од август имало само еден лет на мигранти во Авганистан и на канцеларот Олаф Шолц му порача да подготви „процедури за брза депортација“.

Инаку вчера, 28-годишниот Авганистанец Енамула О., кој вчера нападна деца кои биле на пат во парк во градот Асафенбург, влегол во Германија преку Бугарија и неодамна доброволно се претставил пред надлежните германски служби и побарал да бидат депортирани во Авганистан.

Според полицијата, тој некое време ги гледал децата во паркот и ненадејно ги нападнал со нож. Еден човек е убиен обидувајќи се да го спречи, додека една од наставничките била повредена во обидот да ги заштити децата. Уште едно дете е хоспитализирано со повреди.

ВИДЕО | Напад со нож во парк во Баварија, двајца мртви, осомничениот уапсен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот