на денешен ден
На денешен ден / Фото: Инстаграм

На денешен ден – 12 декември: Почина Дарко Дамески, еден од најистакнатите македонски театарски, филмски и телевизиски актери.

1642.- Холандскиот морепловец Абел Тасман го открил островот Нов Зеланд, во југозападниот дел на Тихиот Океан, југоисточно од Австралија. Нов Зеланд бил британска колонија од 1841 година, а британски доминион од 1907 година, кога влегол во составот на Британската заедница на народите како независна држава.

1821.- роден е Гистав Флобер — француски писател.

1863.- Роден е Едвард Мунк — експресионистички сликар.

1915.- Роден е Френк Синатра — американски пејач и глумец.

1963.- Кенија се стекнала со независност и била прогласена за република во рамките на британскиот Комонвелт.

1979.- НАТО дозволил инсталирање на ракети во Европа.

1983.- Почина Дарко Дамески, еден од најистакнатите македонски театарски, филмски и телевизиски актери. Во 1952 година ја заврши Државната средна театарска школа во Скопје. Беше член на Драмскиот ансамбл на Македонскиот народен театар во Скопје. Во 1964 година, Дамески стана член на Драмскиот театар на чија сцена оствари четириесетина ликови во кои дојде од израз приврзаноста кон театарската уметност. Во историјата на македонскиот филм неговото име е забележано уште во самите почетоци во „Волчја ноќ “, а потоа следуваат уште триесетина главни улоги, речиси во сите македонски филмови. Ликот на Дарко Дамески беше присутен и на малиот екран, почнувајќи од првите ТВ драми на ТВ Скопје, до речиси сите телевизиски серии и други позначајни емисии и проекти. Последните години од животот ги посвети на монодрамата преку која остваруваше најширок контакт со публиката.

1997.- Пијаното на познатиот композитор и диригент, Леонард Бернштајн, на една аукција во „Сотби“, било продадено за 387.500 американски долари.

1997.- Во Париз почнало судењето на Карлос Шакалот, „професионален револуционер“ од Венецуела, чие вистинско име е Илич Рамирез Санчез. Тој бил обвинет за некои од најспектакуларните герилски операции во 1970-те и 1980-те години.

2008.- почина Лилјана Минова – Ѓуркова истакнат македонист и редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Таа е една од најпродуктивните македонски македонисти во областа на македонистиката. Нејзината четиридецениска творечка дејност ја вбројува во еден од најплодните македонисти во Македонија, чии трудови се познати и во светските славистички центри. Во својот творечки живот објавила над 270 библиографски единици во Македонија, Европа и САД во многу научни списанија, зборници, единици и слично. Како најсовремени и најквалитетни нејзини дела се прифатени универзитетските учебници „Синтакса на македонскиот стандарден јазик“ и „Стилистика на современиот македонски јазик“. Исто така таа е заслужна и за издавање на учебници за летната школа при Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, учебници по македонски јазик за странци и слично. За афирмацијата на македонскиот јазик во странство, Минова – Ѓуркова издала уште две книги: „Граматика на македонскиот јазик за странци“ со превод на француски јазик во 2006 година и во 2007 истата книга со превод на англиски јазик. Покрај издаваштвото, таа била основач и прв претседател на Советот за македонски јазик.

2019.- почина Дени Ајело, американски глумец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот