
На денешен ден – 11 август: Починал Живко Чинго, истакнат македонски раскажувач, романописец и драмски писател
1941. Британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт се сретнале на еден брод во Атлантикот, каде што ја формулирале и на 14 август ја потпишале прочуената „Атлантска повелба“, чии начела ги прифатиле и Обединетите нации во својата Декларација во 1945 година. Во Повелбата меѓу другото се истакнува дека територијалната промена мора да биде во согласност со слободно изразената волја на народот, народите имаат право да си избираат за себе облик на владеење по волја и тоа право треба да им се врати на сите, и се предупредува дека народите во светот мора да се откажат од употребата на сила.
Препорачано
1987. Починал Живко Чинго, истакнат македонски раскажувач, романописец и драмски писател. Во македонската книжевност Чинго влегол кон крајот на педесеттите години на 20 век. Уште во своите први раскази, објавени во списанието „Разгледи“ во 1957 година, тој го свртел кон себеси вниманието на книжевната јавност, а со појавата на првата збирка раскази „Пасквелија“ било јасно дека се работи за голем мајстор на расказот. За збирката „Пасквелија“, во 1963 година ја добил наградата на ЦК на СМЈ и весникот „Младост“ од Белград; за збирката „Нова Пасквелија“ ја освоил Октомвриската награда во 1966 година; а истата година ја освоил и наградата на „Детска радост“ за најдобар детски роман (за „Сребрените снегови“). Во 1963 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), а бил и член на МАНУ.
1992. Со одлука на Собранието на Република Македонија биле усвоени знамето црвено со златно-жолто сонце, со осум основни и осум споредни сончеви зраци кое беше во сила до 5 октомври 1995 година, кога е сменето во црвено со златно-жолто сонце, со осум сончеви зраци, и химната „Денес над Македонија“ на Република Македонија.