цук 112
Се воведува бројот за итни повици 112 / Фото: Слободен Печат - Драган Митрески

На бројот за итни случаи вчера имало 1.568 повици, најмногу кон полицијата

Изминатите 24 часа на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112, регистрирани се вкупно 1.568 повици. Од нив, како реални повици биле категоризирани 961 или 61,29 проценти, а 607, односно 38,71 отсто – за други потреби на граѓаните што не биле итни, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Кон полицијата биле упатени 213 повици, односно 69,84 проценти, кон Итната медицинска помош – 63 или 20,66 отсто, кон пожарникарите – 21 или 6,89 проценти и кон ЦУК – осум повици или 2,62 отсто.

– Во текот на утрешниот ден, во периодот од 12 до 17 часот, стручниот тим на „Мактек дооел“ ќе изврши минирање за потребите на компанијата „Бехтел и Енкa“ на локалитетот Сладун во општина Прилеп – се додава во соопштението на ЦУК.

Оттаму информираат и за известување од Институтот за трансфузиона медицина, за дeнеска планираните крводарителни акции во Скопје – СГУЦ „Раде Јовчевски Корчагин“, „Либерти“ во Железара, во Куманово во ЈКП „Водовод“ и со граѓаните на Штип во спортската сала „Јордан Мијалков“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот