Фото: Центар за управување со кризи

На бројот за итни случаи 112, најмногу повици имало за полицијата, дури 51,10 отсто

Во Центарот за управување со кризи , според последниот извештај, имало вкупно 1.323 повици на бројот за итни случаи 112. Реални повици за итни случаи биле 39,91 отсто, а 60,09 проценти други, именувани како неитни повици, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни, информираат од ЦУК.

Со примањето во ЦУК на овие „други“ повици се растоваруваат од непродуктивни за нив, службите институциите во Системот за управување со кризи коишто се за итно интервенирање.

-Распределбата, согласно генералната природа на настаните, била следната: кон полиција биле упатени 51,10 отсто од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 41,85, кон пожарникарите биле упатени 3,52, а кон АМСМ 0,44 отсто од повиците. Кон Центарот за управување со кризи имало 3,08 отсто од „реалните“ повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, што секако, заедно со другите 58,22 отсто неитни повици“, (вкупно 985) биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК, прецизираат од Центарот за управување со кризи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот