принтскрин/ Instagram

На блондинката која влета на теренот во Мадрид, Инстаграм ѝ го БЛОКИРАШЕ ПРОФИЛОТ

Топ тема во светските медиуми по финалето во Лигата на шампиони е атрактивната блондинка Кинси Волански. Во 18. минута од натпреварот таа влета на теренот во костим за капење со ознаки од новата страница на нејзиното момче, познатиот јутјубер Виталиј Здровецки. Тој е познат по вакви работи. Во финалето на Мундијалот во 2014 година втрчал на теренот, а сегаи неговата девојка го направи исото.

Колку слава ѝ донесе тој потег на Волански покажува податокот дека за помалку од 12 часа скоро петпати беше зголемен бројот на нејзините следбеници на Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/ByN2Z5jo0aU/

Пред натпреварот Квинси ја следеле „само“ 300.000 фанови.

Вчера тој број изнесуваше дури 1,5 милиони.

https://www.instagram.com/p/ByM-FG_AcF0/

Режисерот не сакаше да ја зумира бидејќи токму тоа е целта на егзибиционистите кои влетуваат на терен, но сепак нејзините фотографии го обиколија светот.

За таквиот вид промоција Инстаграм немаше разбирање. Како што јавува британски Сан, нејзиниот инстаграм-профил е блокиран.

https://www.instagram.com/p/ByM2ccnDHOU/

Според пресметките на светските експерти, нејзиниот маркетиншки упад би ја чинел по регуларна цена околу 4 милиони долари. Меѓутоа веројатно таа ќе добие значително помала парична казна од УЕФА и забрана за влез на стадиони.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!