Фото;: илустрација / Слободен печат

На 97 години се кандидира за советничка на Битола – Цветанка Велјанова испиша изборен рекорд

Веднаш зад Велјанова, според возраста, е кандидатот Кирил Добрушевски со 81 година, исто така кандидат на МААК.

Највозрасниот кандидат за член на Советот на Општина Битола има 97 години, потврдија од Општинската изборна комисија во Битола.

Според јавно достапните податоци, највозрасна е Цветанка Велјанова која има 97 години и е кандидатка на политичката партија Македонска акција-Конзервативна партија (МААК).

Интересно е тоа што нема потврден случај во поновата историја на избори во Македонија (од 1996 наваму) на кандидат постар од 97 години, што значи дека Велјанова е највозрасниот кандидат за советник некогаш регистриран во земјата.

Веднаш зад Велјанова, според возраста, е кандидатот Кирил Добрушевски со 81 година, исто така кандидат на МААК. Во групата три највозрасни кандидати за членови на Советот на Општина Битола е и Трајан Котевски кој има 80 години и е на кандидатска листа поддржана од група избирачи.

На годинешните локални избори во Битола од Државната изборна комисија (ДИК) потврдени се 16 кандидатски листи за членови на Советот на Општина Битола и од вкупно 496 евидентирани кандидати на рзлична возраст, само четири кандидати навршиле 18 години.

Во документацијата на ДИК и ОИК-Битола потврдени се кандидатурите на Александар Јовановски, кандидат на граѓанската иницијатива ГРИН, Енес Баталовски и Лејла Усеини кандидати на коалицијата ВЛЕН и Марко Адам Котевски од група избирачи. Четворицата годинава како полнолетни за прв пат се кандидати за членови на Советот на Општина Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот