Мишел Трахтенберг во серијата „Озборувачка“ / Фото: Supplied by LMK / IPA / IPA / Profimedia

На 39 години: Почина ѕвездата на серијата „Озборувачка“, последните месеци споделуваше загрижувачки објави

Актерката Мишел Трактенберг, позната по широкиот спектар на ТВ и филмски улоги, вклучувајќи ја и популарната серија „Озборувачка“, почина на 39-годишна возраст, потврдија полициски извори за „Њујорк пост“.

Нејзината смрт не се истражува како сомнителна, велат изворите. Патем, Трактенбер во последните месеци објавуваше серија загрижувачки фотографии на својот инстаграм-профил, каде има 800.000 следбеници.

На фотографиите таа изгледаше изнемоштено и кревко, што ги натера некои обожаватели да ја коментираат нејзината здравствена состојба и нагло слабеење.

Во јануари минатата година, Трактенберг одговори на загриженоста на обожавателите велејќи дека е „среќна и здрава“ и дека никогаш немала пластична операција.

Мишел Трактенберг е родена во Њујорк на 11 октомври 1985 година. Првата заслужна улога на Трактенберг беше на деветгодишна возраст во класичната серија на Никелодеон од 1990-тите „Авантурите на Пит и Пит“, таа продолжи да глуми во различни детски филмови и серии, а своето филмско деби го имаше во „Шпионот Хариет“ во 1996 година, во кој го играше главниот лик.

Како возрасна, таа се фокусираше кон позрела актерска игра, вклучително и улогата на Доун Самерс, во „Бафи убиец на вампири“, како и манипулативната, пресметлива антагонистка Џорџина Спаркс во „Озборувачка“, која се прикажуваше шест сезони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот