Фото: Промо

На 28 февруари: Зарина Првасевда гостинка на скопскиот концерт на „Барселона џипси балкан оркестра“

Еден месец нѐ дели од најавеното музичко патување со музиката на уникатните „Барселона џипси балкан оркестра“ (Barcelona Gipsy Balkan Orchestra) – еден од најиновативните бендови од поновата генерација, оркестарот чија музика допира директно до срцата.

За „БГКО“ не постојат граници, апсолутно никакви, а нивната музика инспирирана од различни музички традиции од Балканот, но и светот е емотивно патување кое ветува уникатно и автентично искуство, какво што нѐ очекува уште еднаш (по она во 2022 година) – на 28 февруари 2025 година во Филхармонија.

Нивното творештво и интерпретација на уникатен звук ги заробува срцата и умовите на публиката ширум светот, а несекојдневноста на стилот што ѝ го нудат на публиката овојпат ќе биде зачинето и со интерпретациите на специјалната гостина Зарина Првасевда, македонски уметник, музичар и вокал со седиште во Скопје. Балансирајќи го своето богато наследство со автентичното самоизразување, македонската уметница Зарина Првасевда има вокална техника која е вкоренета во источноевропските и ориенталните традиции, пренесувајќи ја срдечноста и свежината на македонскиот фолклор.

БГКО е меѓународна формација во чиј репертоар свое место имаат и неповторливите „Море сокол пие”, „Македонско девојче”, „Kaleja Jaca”, ведрата и танцувачка румба на Есма Реџепова-Теодосиевска…

И тоа не сѐ, секогаш иновативни, секогаш уникатни и подготвени на публиката да ѝ понудат повеќе во пресрет на скопскиот концерт 28 февруари – денот резервиран за уникатно музичко патување со неверојатната музичка формација која освојува на прва – подготвуваат уште изненадувања.

Влезниците за овој концерт веќе се пуштени во продажба по цена од 1000, 1200 и 1500 денари, и тоа прекупродажната мрежа на mktickets.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот