На 21 септември на Козјак ќе се одржи најголемото street workout натпреварување во Македонија – GRIZZLY CUP 2025

На 21 септември, во Grizzly планинскиот центар на Езеро Козјак, ќе се одржи првото издание на GRIZZLY CUP – најголемото street workout и calisthenics натпреварување организирано досега во Македонија.

Организаторите најавуваат дека станува збор за настан со посебна енергија и концепт кој го надминува класичното натпреварување.

„Ова не е само спортски настан, ова е фестивал на спортот, силата и заедништвото,“ велат организаторите.


Публиката и учесниците ќе имаат можност да уживаат во ден исполнет со адреналин, мотивација и незаборавни моменти во природата – покрај езеро, опкружени со планински предели и спортска атмосфера.

Категории на натпреварување:

Професионална категорија – за најподготвените натпреварувачи, со дисциплини во bodyweight и weighted sets & reps.

Полупрофесионална категорија – отворена за мажи, жени и лица над 50 години, со пријавување на лице место.

Аматерска категорија – наменета за почетници и најмладите учесници, со цел да се поттикне новата генерација во овој спорт.

Сите заинтересирани кои имаат желба да замат учество на првото издание на GRIZZLY CUP ќе можат да се пријават до 19 септември, во 12:00 часот на адресата [email protected], а за подетални информации заинтересираните можат да се јават на телефонскиот број 078 325 477.

GRIZZLY CUP 2025 се очекува да биде вистински спортски спектакл што ќе ја позиционира Македонија на регионалната street workout мапа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот