Фото: Instagram / tamaratodevska

На 17 април: Тамара Тодевска со хуманитарен концерт за помош на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Тамара Тодевска организира хуманитарен солистички концерт, со цел поддршка и помош на семејствата на починатите граѓани и повредените во пожарот во Кочани. Овој музички настан ќе се одржи на 17 април (четврток), од 20:00 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Средствата собрани од продажбата на билетите ќе бидат наменети за семејствата погодени од пожарот во Кочани, во кој загинаа 59 луѓе, а над 200 беа повредени. Тамара ги повикува сите свои фанови и оние кои ја почитуваат македонската музика да бидат дел од овој концерт:

„Хуманоста и солидарноста се вредностите кои можат да ја вратат надежта, а се толку потребни за семејствата на починатите и повредените граѓани во трагедијата во Кочани. Во моментите на тага и жалост да останеме луѓе, да пееме македонска музика, да пееме за Кочани“, напиша Тамара во објавата на Инстаграм, додавајќи дека наскоро ќе бидат објавени информации за продажба на картите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот