На 111 години почина Џезиде Алиу, најстарата жителка на Косово и веројатно на Балканот

Џезиде Алиу, која со 111 години беше најстарата Косовка, починала во својот дом во Феризај (Урошевац), јавија локалните медиуми.

Таа е родена на 5 август 1913 година во селото Станчиќ (Станај) кај Гњилане, а според косовските медиуми, Џезиде била и најстарата позната жителка на Балканот воопшто, по смртта на исто така 111-годишната Јоана Проју Димитријаду од Грција минатата година.

Медиумите често се интересираа за Џезиде Алиу, која на 104-годишна возраст одеше да ги посети роднините во Куманово. Тогаш, тие пишуваа дека Алиу има вкупно 60 потомци – пет деца, внуци, правнуци и чукунвнуци, како и дека не носи очила, има одлична меморија и без проблем користи мобилен телефон. Во 2021 година, таа беше најстариот гласач на парламентарните избори во Косово.

Џезиде Алиу ќе биде погребана утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот