На 101 година почина Будимир Лончар

Најстариот и најпознат хрватски дипломат Будимир Лончар, почина на 101-годишна возраст . Роден е на 1 април 1924 година во Прек на островот Угљан.

Тој беше последниот министер за надворешни работи на СФР Југославија и советник на двајца хрватски претседатели. Влегол во дипломатијата како член на народноослободителното движење, двапати ранет во Втората светска војна.

Во кариерата долга 75 години, тој беше и специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за Движењето на неврзаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот