Фото: МИА

МВР за ужасот во Велес: Убиецот им отишол дома и со нож ги убил поранешната сопруга и нејзиниот татко

Министерството за внатрешни работи се огласи околу двојното убиство и самоубиство кое попладнево се случи во Велес. Жртвите се поранешната невенчана сопруга на убиецот, која имала 31 година, и нејзиниот татко (74). Двајцата биле убиени со нож, а 39-годишниот насилник потоа самиот си го одзел животот, исто така со оружјето со кое ги извршил убиствата.

„Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул. „Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. На местото излегоа полициски службеници и констатираа дека се работи за Р.К.(31) од градот, која од Итна медицинска помош е пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт. Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко и К.К.(68), кој исто така, имал повреди од остар предмет. Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и И.С.(39) од Скопје, поранешен партнер на Р.К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт“, велат од полицијата.

Од болницата во Велес велат дека жената имала повеќе убодни рани од нож, а убиецот не давал знаци на живо. Тие се донесени во Ургентниот центар попладнево по 16 часот. Дежурни лекари-хирурзи ја примиле жената и се обиделе да ја реанимираат, но не успеале да ја спасат, велат од болницата.

Неофицијално, жртвата повеќепати го пријавувала убиецот во полиција поради закани по нејзиниот и животот на нејзиниот татко, а тој и ѝ го запалил автомобилот.

Увид на местата на кои е извршено ужасното злосторство попладнево врши јавен обвинител заедно со екипа СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од СВР Велес.

МВР за ужасот во Велес: Убиецот им отишол дома и со остар предмет ги убил поранешната сопруга и нејзиниот татко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот