Полиција / Фото: МВР

МВР уапсен криминалец баран со потерница

Вчера на паркинг позади Народна Банка на РСМ, по распишана потерница и наредба од Казнено-поправната установа Затвор Куманово, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода – Отсек потраги го лишиле од слобода М.Х.(52) од Скопје за доиздржување казна затвор од две години и три месеци. Тој бил приведен по претходно добиени сознанија дека околу 18 часот остварил илегален влез во Република Северна Македонија од Косово, каде што престојувал подолг период.

Инаку, М.Х. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти. Тој бил претходно осудуван и одлежал околу 20 години затворска казна. Тој бил предаден во Полициската станица Центар за понатамошна постапка од каде ќе биде спроведен во казнено-поправна установа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот