Стевчо Јакимовски/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

МВР кривично ќе го гони Стевчо Јакимовски – од Општината одлуката ја сметаат за политички мотивирана

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против скопски градоначалник, петмина вработени во скопска општина и правно лице поради „злоупотреба на службена положба“ и „несовесно работење во службата“. Од Општина Карпош преку соопштение „потврдија“ дека станува збор за нивниот градоначалник Стевчо Јакимовски, а кривичната пријава против Јакимовски ја сметаат за тенденциозна, злонамерна и политички мотивирана.

„Имено, стручните служби од општина Карпош предметот за легализација на спортските објекти на Александар Палас со внимание го имаат разгледувано, и истиот е решен согласно законските прописи. Општина Карпош категорично тврди дека легализацијата е законита за овие спортски објекти затоа што за сè за што се издава одобрение за градба, се врши легализација, а за истите објекти правното лице Александар Палас има одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски за кое не го спровеле во катастар. Дополнителен аргумент е фактот што за тениски терени изградени на територија на општина Карпош во времето на Никола Груевски е издадено одобрение за градба. Во општина Карпош работат квалитетни искусни службеници кои совесно си ги вршат своите работни обврски и убедени се дека истата кривична пријава ќе биде отфрлена како недопустлива од причини што надлежните општински органи правилно ги утврдиле фактите и извршиле легализација согласно законските прописи кои ги донела Владата на Никола Груевски“, се вели во соопштението на Општина Карпош.

Градоначалник на скопска општина заработи Кривична пријава – овозможил легализација на „диво“ изградени тениски игралишта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот