фото: EPA/VALDA KALNINA

Мумбру повторно хоспитализиран: Лекарите се изненадени како издржал до крајот на Евробаскетот

Германската кошаркарска репрезентација го освои златото на неодамна завршеното првенство во Рига, Летонија. Сепак, со кошаркарите во составот не беше селекторот Алекс Мумбру.

Според информациите од шпанскиот Мундо Депортиво, Мумбру не учествуваше во прославите откако тимот се врати во Германија, бидејќи итно отпатува во Барселона на детални медицински прегледи.

Претходно беше утврдено дека, по операцијата на жолчното кесе, тој страда од акутен панкреатит, а лекарите веднаш одлучија да го хоспитализираат за темелно да се реши проблемот. Лекарите кои го прегледале Мумбру наводно биле шокирани што успеал да издржи до самиот крај на натпреварувањето, со оглед на сериозноста на дијагнозата.

Мумбру беше примен во болница поради инфекција на 25 август, еден ден пред почетокот на натпреварувањето. Како резултат на тоа, тој го пропушти првиот натпревар на Евробаскетот, но се врати на клупата за осминафиналето против Португалија.

Сепак, веќе од четвртфиналето, ја предаде главната улога на Ален Ибрахимагиќ, иако сè уште беше присутен, бидејќи седеше на клупата.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот