Плакат за настанот во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп

Мултимедијален триптих на Емил Солески носи алегорија за губењето на идентитетот

Мултимедијалниот проект „Генеза на хроничната мистерија“ од уметникот Емил Солески на 23 јули (вторник), од 20 часот, ќе биде претставен во „Сцена 105“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Станува збор за мултимедијален триптих што е алегорија за губењето на идентитетот.

– Во време кога надминуваме одредени предрасуди и се бориме со стереотипи, разгорува распаднатото огниште, се занишува празната лулка, а паланзата, и без тег ќе измери нешто, потамина ако треба.

Ликовно-просторниот експеримент е прикажана фантастична дијагонала на „архаичниот“ и дигиталниот идентитет. Концептот предвидува просторна видеоинтервенција и трансформација, барање нова визија на веќе виден простор.

Триптихот ќе се формира со проекција на видео-аудио материјал врз просторно поставени три архаични форми со ликовни метафори: Распаднато огниште – ликовна метафора за празен дом, градови, села, земја; Кантар, паланза без тег – ликовна метафора за строгото критичко оценување на немањето рамнотежа во природните, општествените, социјалните односи, принципи, тежнеења, закони; Празна лулашка – ликовна метафора за негрижата и изгубеното наследство, природно, национално, културно-историско. Да се гледа низ призмата на објективното, или да се направи ново, субјективно доживување – истакнува авторот Емил Солески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот