
Муцунски во Женева, ќе се обрати на Самитот на млади лидери
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски од денеска до петок престојува во работна посета на Женева, Швајцарија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како што соопштија од МНР, во рамки на посетата, министерот ќе се обрати на Самитот на млади лидери, во организација на Светскиот економски форум, што се одржува во Женева.
Покрај обраќањето, предвидено е министерот да го отвори Почесниот конзулат на Република Северна Македонија во Женева, а во пресрет на одбележувањето на Денот на независноста, најавено е да говори и на прием организиран за македонската дијаспора во овој дел на Швајцарија.
-Предвидени се и билатерални средби со генералниот директор на Светската трговска организација, со заменикот висок комесар за човекови права, со директорот на Женевскиот центар за безбедносни политики, како и со специјалниот известувач за малцински прашања при Советот за човекови права на Обединетите Нации – посочија од Министерството.