
Муцунски се сретна со Герапетритис: Преку интензивиран политички дијалог до приоритетно поврзување во инфраструктурата и енергетиката
Заедничката подготвеност и потребата од понатамошно унапредување на билатералната соработка – преку интензивиран политички дијалог, приоритетно поврзување во инфраструктурата и енергетиката, како и нова динамика во економијата, културата и туризмот, биле во фокусот на средбата помеѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис, во рамки на Делфи економскиот форум во Грција.
Препорачано
– Средбата претставува важен чекор напред во зајакнувањето на регионалната соработка и значително унапредување на дипломатските односи. Притоа, упатив искрена благодарност за навремената и висококвалитетна медицинска помош што Грција ја обезбеди за дел од повредените во трагедијата во Кочани – силен гест и одраз на искрено пријателство меѓу две соседни земји – пишува Муцунски.
Муцунски учествува на 10. издание на „Делфи економски форум“, што оваа година се одржува од 9 до 12 април.
Форумот во Делфи, како што велат од МНР ги обединува политичките, економските, бизнис, академски и други лидери на мислење, со цел заеднички да се адресираат новите предизвици, да се влијае врз националните и регионалните агенди и да се промовираат одржливи и општествено одговорни политики за раст во Европа, поширокиот Источен Медитеран и Грција.