Тимчо Муцунски во Париз / Фото: Фејсбук

Муцунски на Белдскиот стратешки форум, ќе има средби со министрите од регионот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска и утре ќе престојува во Словенија, каде што ќе учествува на Бледскиот стратешки форум.

Во рамките на форумот, како што информираат од неговиот кабинет, Муцунски ќе се обрати на панел-дискусијата на тема „Нема регион за младите – време е за промени“.

„Сесијата ќе ги обедини министрите за надворешни работи и младите експерти од регионот, нудејќи уникатна можност за соочување со предизвиците и разгледување на вистинските потреби за суштинска трансформација“ се вели во соопштението на Министерството.

Муцунски ќе присуствува и на работен појадок со министрите за надворешни работи од регионот, каде што ќе се направи пресек на актуелните состојби и предизвици на Западен Балкан.

На маргините на форумот, предвидени се и повеќе билатерални средби со министри и претставници на меѓународни организации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот