Тимчо Муцунски - министер за надворешни работи / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Муцунски на 19. Самит на Франкофонијата во Франција

На 19. Самит учество учествуваат повеќе од 100 држави и влади а во фокусот е креативноста, иновацијата и способноста за бизнис на француски јазик. Воведната сесија се одржа вчера во Villers-Cotterêts.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе присуствува на Самитот на Меѓународната Организација на Франкофонијата кој годинава се одржува под мотото „Создавај, иновирај и прави бизнис на француски јазик“.

На 19. Самит учество учествуваат повеќе од 100 држави и влади а во фокусот е креативноста, иновацијата и способноста за бизнис на француски јазик. Воведната сесија се одржа вчера во Villers-Cotterêts.

Пленарната седница, затворената и завршната сесија ќе продолжат денеска во Големата палата во Париз.

Меѓународната организација на Франкофонијата е организација базирана на единство преку јазикот, но исто така, оди подалеку од јазикот, тоа е заедница на вредности и обврска кон владеењето на правото и демократијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот