Муцунски и Сијатро потпишаа Договор за стратешко партнерство / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Муцунски и Сијатро потпишаа Договор за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Унгарија

Во фокусот беа и процесот на европска интеграција на нашата земја и недвосмислената поддршка од Унгарија, како и соработката во рамки на НАТО во справувањето со актуелните безбедносни предизвици – соопшти министерот Муцунски

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговиот унгарски колега Петер Сијарто денеска потпишаа Договор за стратешко партнерство помеѓу двете влади.

Муцунски и Сијатро потпишаа Договор за стратешко партнерство / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Сијатро е во работна посета на Македонија, а како што соопштија од Министерството за надворешни работи, во фокус на разговорите биле билатералните односи, тридецениското пријателство и стабилната трговска размена, која бележи континуиран раст.

– Констатиравме дека македонско-унгарското партнерство, засновано на силни политички и економски врски, ќе продолжи со уште поголема динамика. Во фокусот беа и процесот на европска интеграција на нашата земја и недвосмислената поддршка од Унгарија, како и соработката во рамки на НАТО во справувањето со актуелните безбедносни предизвици – соопшти министерот Муцунски.

Муцунски – Сијатро / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Во рамки на посетата, заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска, беше потпишан и Меморандум за образовна соработка за стипендирање македонски студенти.

Муцунски – Сијатро / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот