ФОТО | „Му родив на сопругот болно дете, вината е моја“: „Есмералда“ тешко ја прифати дијагнозата на својот „најскапоцен дијамант“

Летиција Калдерон некогаш беше една од најпопуларните актерки во овој регион, иако нема никакво потекло од балканот. Но, авантурите на латино-серијата „Есмералда“ беа толку внимателно следени, по што таа беше „секојдневно присутна“ во речиси секој дом.

Иако оттогаш се изминати две децении, нејзината мексиканска убавина по која стана позната во хит серијата „Есмералда“ и денес е нејзин заштитен знак.

Во меѓувреме, таа се омажи и  разведе двапати, и има две деца.

По раѓањето на нејзиниот втор син, кој има Даунов синдром, Летиција накратко се повлече од светот на глумата и од сцената.

Лучијано наполни 21 година во февруари, а по тој повод, актерката, која често објавува слики со него на Инстаграм, напиша:

„Денес се навршуваат 21 години од раѓањето на личноста што ми го промени животот. Го исполни со предизвици и радости, лекции и учења. Честитки, сине! И ти благодарам за сè што ми даде во изминатата 21 година. Те сакам“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lety Calderón (@letycalderon79)

На познатата Есмералда ѝ беше тешко да ја поднесе веста за дијагнозата на Лучијано, особено затоа што нејзиниот сопруг веќе имаше две деца.

„Тоа значеше дека е моја вина. Тој веќе има две здрави и вистински деца, а јас му родив болно дете. Сепак, не знаев што правам погрешно. Не пиев, не пушев за време на бременоста, не се нервирав премногу. Што направив погрешно за да му наштетам на сопственото дете?“, рече еднаш Летиција.

„Никогаш не се прашав „зошто јас“. Благословена сум што имам вакво дете. Сакав да се исполнам како мајка и кога се укажа можност, добив син со Даунов синдром. Тој е најскапоцениот скапоцен камен што го имам во мојот живот“.

Не толку одамна, Летиција проговори за голем проблем со кој се соочила кога била на врвот на својата популарност. Според нејзино сопствено признание, неодговорноста и зависноста речиси ја одвеле директно во пеколот. За среќа, таа се разбудила на време. И со текот на времето, се развела од адвокатот Хуан Коладо, таткото на нејзините синови, кој бил уапсен пред неколку години под обвинение за организиран криминал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот