Владлен Татарски загина во експлозија во кафуле / Фото: Твитер / скриншот

Му дадоа скулптура и го разнесоа, кој е загинатиот руски блогер во Санкт Петербург

Едно лице загина, а неколку се повредени во експлозија што попладнево се случи во кафуле во рускиот град Санкт Петербург, јави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на итните служби, а пренесуваат странските агенции. Најмалку 16 лица се повредени во експлозијата во кафулето Street Bar, извести полицијата, пренесува BBC.

РИА пишува дека е убиен познат руски воен блогер, еден од најгласните пропагандисти на Кремљ, Владлен Татарски (Максим Фомин). Од 2014 година учествува во конфликтите во Донбас, а неговите воени анализи на апликацијата Телеграм ги следат повеќе од 450 илјади луѓе. Ова подоцна беше потврдено од руското Министерство за внатрешни работи.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа експлозијата и повредени луѓе на улица.

Не е јасно кој е одговорен за експлозијата.

Владлен Татарски (вистинско име Максим Фомин) беше истакнат блогер и гласен поддржувач на руската војна во Украина.

Тој стана познат минатата година откако објави видео снимено во Кремљ во кое рече: „Ќе победиме. Ќе ги убиеме сите, ќе ограбиме кој и да ни треба. Сè ќе биде како што сакаме“.

Извори од Министерството за внатрешни работи, цитирани од руската новинска агенција РИА, изјавија дека бомбата била скриена во статуа која му била дадена на Татарски спакуван во кутија заедно со експлозивот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот