„Мтел“ станува и мобилен оператор

„Мтел“, членка на „Телеком Србија“, од денеска почнува да нуди нови услуги кај нас – мобилна телефонија, интернет и пакет услуги што вклучуваат и сателитска телевизија. Она што треба да привлече корисници, според директорот на „Мтел“ Марко Лопичиќ, е и ексклузивниот пристап до две апликации М-плеј ТВ и Балкан мјузик, преку кои може да се гледаат српски серии и балканска музика.

– За една година откако сме присутни на овој пазар, корисниците имаа можност да нè запознаат, да ги пробаат услугите и поддршката што ја нудиме – вели Лопичиќ.

Мобилната телефонија преку „Мтел“, во Македонија доаѓа во ист период кога и во Швајцарија, а идните планови на компанијата е да се прошири и во Германија и во САД.

Генералниот директор на „Телеком Србија“, Владимир Лучиќ, кој присуствуваше на прес-конференцијата во Скопје, рече дека „Мтел“ доаѓа од семејство на регионален телекомуникациски лидер и дека очекува во Северна Македонија да има позитивно влијание врз целиот пазар. Притоа тој посебно акцентира дека „ќе се обидат да го вратат припејдот во мода, да не се врзуваат корисниците со кориснички договори, а во таа насока е и пристапот до апликациите М-плеј ТВ и Балкан мјузик од страна на припејд корисниците.

– Од „Мтел“ во иднина треба да очекувате нови инвестиции, нови работни места и ширење на мрежата на локални партнери – рече Лучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот