Изет Меџити, Биљал Касами и поглаварот на ИВЗ Ш. Фетаи во посета на медресата „Иса-бег“ во Кондово / јули 2025 г./ Фото: Фејсбук

Мрежата против дискриминација ќе ја оспори интеграцијата на верските училишта пред Уставниот суд

Мрежата за заштита од дискриминација ќе го оспори пред Уставниот суд новото законско решение за верските училишта кое треба да почне да се применува на стартот на оваа учебна година, објави ТВ „24“.

Од коалицијата на граѓански организации велат дека законот е правно неусогласен и дека тој претставува „опасен обид за поткопување на секуларниот карактер на државата“. Мрежата подготвува иницијатива до Уставниот суд, која најверојатно ќе биде поднесена идниот месец.

Според власта, со законското решение се изедначуваат правата на учениците од верските училишта со сите други од државните училишта. Тврдат дека суштината на измените е еднаквиот пристап до образование, односно можноста сите ученици на крајот од своето образование да полагаат државна матура, со што можат да се запишуваат и на другите факултети, освен на теолошките.

На 30 април годинава Уставниот суд ја укина одлуката за давање одобрение за основање на Приватно средно училиште „Медреса Иса-бег“ во Кондово, која е донесена од страна на Владата на 26 март 2024 година. Судот оцени дека одлуката на Владата е незаконита и неуставна, бидејќи Владата дала согласност, односно дозволила Исламската верска заедница ИВЗ да биде основач на средно училиште – гимназија.Според Уставниот суд, ова е во спротивност со членот 7 од Законот за средно образование кој забранува верско организирање и дејствување и истакнување на верски симболи во средните училишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот