Избори, листи Фото: Драган Митрески „Слободен печат“

Можни 69 независни кандидатури за градоначалници: Во Прилеп најмераклии за локални шерифи

Најмногу иницијативи за независни кандидатури за градоначалници има за Прилеп – седум, Битола – шест, исто толку во Демир Хисар и за Град Скопје и Струга по пет иницијативи за кандидатури за независни градоначалници.

Од Државната изборна комисија информираат дека вкупно 69 иницијативи за кандидатури за градоначалник и 68 за советнички листи се доставени откако синоќа на полноќ заврши рокот за собирање потписи.
Потписи за независни кандидати за градоначалници се собраа за општините Пробиштип, Македонска Каменица, Куманово, Крива Паланка, Охрид, Дебарца, Прилеп, Долнени Струга, Дебар Струмица, Радовиш, Брвеница, Свети Николе, Гевгелија, Демир Капија, Кичево, Македонски Брод, Кочани, Чешиново Облешево, Битола, Могила, Новаци, Ресен, Гостивар, Демир Хисар, Виница, Сарај, Центар, Аеродром,Карпош , Шуто Оризари, Арачиново, Кисела Вода, Зелениково, Студеничани, Чучер Сандево и градоначалник на Градот Скопје.

Потписи за независни листи за членови на советите на општините и советот на Градот Скопје се собраа за општините Пробиштип, Македонска Каменица, Куманово, Старо Негоричане, Охрид, Дебарца, Прилеп, Долнени, Струга, Дебар, Босилово, Ново Село, Струмица, Тетово, Штип, Свети Николе, Лозово, Кичево, Македонски Брод, Кочани, Чешиново Облешево, Кавадарци, Битола, Могила, Ресен, Демир Хисар, Карпош, Сарај, Центар, Чучер Сандево, Кисела Вода, Зелениково, Студеничани и за советото на Градот Скопје.

Најмногу иницијативи за независни кандидатури за градоначалници има за Прилеп – седум, Битола – шест, исто толку во Демир Хисар и за Град Скопје и Струга по пет иницијативи за кандидатури за независни градоначалници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!