Фото: Креирана илустрација

Моторџија од Гевгелија загинал откако излетал од патот кај село Богородица

Мотоциклист од Гевгелија во неделата загинал откако изгубил контрола врз мотоциклот „кавасаки“ и излетал од патот на делницата од село Богородица, гевгелиско, кон регионалниот пат 1109, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 37-годишниот мотоциклист С.Ф. и бил пренесен во Општа болница Гевгелија, каде што починал во 19:22 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот