
МОТО ГП: Квартараро ја „покори“ Каталонија
Возачот на Петронас Јамаха триумфира на трката за Големата награда на Каталонија.
Квартараро на патеката Каталуња стигна до третата победа оваа сезона, а четврта вкупно во Мото ГП класата, и тоа на патеката каде за прв пат пред две години се најде на победничкиот подиум.
Препорачано
Интересно е што Фабио Квартараро сите три победи оваа сезона ги оствари во Шпанија.
На второто место со една секунда заостанување се пласира Жоан Мир од Сузуки, а трет беше неговиот тимски колега, Алекс Ринс.
Стартот и првата половина од трката не навестуваше триумф на Квартараро бидејќи возачите на Јамаха беа на првите три позиции.
Младиот Французин во деветтиот круг го направи одлучувачкиот потег кога изби на првото место и не го испупти до крајот, тој го претекна тимскиот колега Франко Морбидела откако претходно го претекна и Валентино Роси.
Додека Квартараро ја зголемуваше предноста, Морбидели направи грешка и излета од патеката со што им овозможи на Мир и Ринс да го претекнат во последните кругови од трката.
Трката на Каталуња освен победата на Квартараро ја одбележаа и падот на Валентино Роси како и судирот во првиот круг помеѓу сега веќе поранешниот лидер во генералниот пласман Андреа Довициозо и Жоан Зарко.
Во генералниот пласман, Квартараро со победата изби на првото место со 108 бода, Мир има осум помалку додека Вињалес е трет со 90 бодови. Наредната трка во Мото ГП шампионатот ќе се вози на 11. октомври за трката за Големата награда на Франција на патеката Ле Ман.