Руско МНР фото МИА

Москва: Украина планира терористички напади низ Европа

Руското министерство за надворешни работи ја обвини Украина дека планира „терористички напади“ врз руските дипломатски канцеларии во европските земји. Министерството за ова тврдење се повикува на „достапни информации“, без да понуди докази или дополнителни детали, пренесува „Индекс“.

Руското МНР наведува дека Украина сака да ги наруши потенцијалните преговори за крај на војната и најверојатно ќе се фокусира на Германија, балтичките земји и Скандинавија во „нападите“.

Во соопштението се вели дека властите во Киев би можеле да одлучат да ги нападнат и Словачка и Унгарија бидејќи тоа „им ветува дополнителни придобивки, како дискредитација на оние земји од ЕУ кои зазедоа посебен став во однос на украинскиот конфликт“.

Руското Министерство за надворешни работи ова го наведува на својот официјален канал на „Телеграм“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот