
Москва си го откупува системот С-400 од Анкара?
Турскиот медиум „Турција денес“ повикувајќи се на порталот „Нефес“ објави дека Русија размислува за откупување на два батаљони системи за воздушна одбрана С-400 Триумф, кои беа испорачани во Турција во 2019 година, објаснувајќи дека Москва нема доволно готови комплети на залиха за нови извозни договори и за задоволување на сопствените потреби.
Препорачано
Според „Нефес“, идејата е да се преземат од Анкара овие системи и да се реинтегрира во руска употреба или пак да се предадат на други клиенти – во контекст на глобалната побарувачка и ограничениот производствен капацитет.
Засега како што наведуваат турските медиуми, ниту руската ниту турската страна официјално не ја потврдуваат оваа информација. Станува збор за медиумски извештај, но презентацијата е политички и технички веродостојна, пишуваат тамошните медиуми.
Инаку Турција практично не ги користи системите во архитектурата на НАТО, додека Анкара во меѓувреме се свртува кон својот слоевит концепт за воздушна одбрана „Челична купола“ и ги балансира своите односи со новото раководство во Вашингтон.
Зошто Анкара би ѝ го продала С-400 на Москва?
„Нефес“ наведува неколку причини. Прво, турските С-400 не се интегрирани во мрежите на НАТО C2, па затоа нивното вистинско ангажирање останува ограничено. Второ, ракетите испорачани во 2019 година веќе се на половина од својот ресурс (корисниот век зависи од складирањето и ремонтот), што ја намалува корисноста на комплетот за Турција, освен ако не се користи за надополнување, сервисирање и поскапи циклуси на одржување. Трето, санкциите на САД според ЦААТСА воведени поради купувањето на С-400 ја чинеа Анкара значителни политички и индустриски трошоци: беше исклучена од програмата Ф-35, а пристапот до одредени компоненти и трансфер на технологија беше прекинат.

Во оваа смисла, „декомисионирањето“ на системот за воздушна одбрана С-400 би имало двојна логика за Анкара: би го намалило политичкиот притисок и потенцијално би отворило врата за делумна нормализација со САД – барем преку испорака на Ф-16 Блок 70 и подлабока модернизација на флотата, заедно со континуиран развој на домашниот ловец KAAН од петтата генерација. Во позадина е и амбицијата дека сопствениот ПВО, под брендот „Челични куполи“, се потпира на турската индустрија, АСЕЛСАН/РОКЕТСАН и поширок екосистем на партнери.
Приказната е особено интересна бидејќи „Нефес“ генерално не е препознаен како „прозападен“ турски медиум. Тоа е онлајн издание со мешавина од вести и колумни од познати турски коментатори.
Зошто Москва би го сакала тоа?
Ако треба да се верува на „Нефес“, главната причина е инвентарот. С-400 е ‘рбетот на воздушната одбрана со долг дострел на Русија, додека глобалните нарачки (Индија, потенцијални интереси на трети земји) и барањата на сопствената војска „изедоа“ сè што веќе не е распоредено. Доколку нема готови комплети „на полицата“, враќањето на турските батерии би било брзо решение – барем привремено, со модернизација, ремонт и евентуална реконфигурација за домашниот стандард. Во контекст на војната во Украина и интензивната употреба на воздушната одбрана, надополнувањето на средствата со подолг дострел имаат смисла.

Дополнителен агол е извозот, пишува порталот Оружје-онлајн, ако политички е полесно за Турција да го продаде системот назад на Русија отколку директно да го препродаде на трета земја (што би отворило посебни прашања во рамките на самото НАТО), по преземањето Москва има поголема слобода да го пренасочи комплетот кон силен, независен купувач кој веќе работи со С-400 или чека дополнителни батерии (турските медиуми ја споменуваат Индија како пазар со постојана побарувачка).
Што велат Анкара и Москва?
Во меѓувреме засега ниту Турска ниту Русија не соопштија што било за ова официјално. Приказната се појави во турските медиуми (Нефес), без јавно негирање, но и без потврда. Како по правило, договорите од овој тип не се преговараат во медиумите. Доколку идејата созрее, првата потврда би дошла преку дипломатски сигнали или буџетски и индустриски траги (договори за поправка, логистика, транспорт и сл., наведуваат медиумите.
Сепак, ако тврдењето за „Нефес“ е точно, купувањето на турските С-400 од страна на Русија би бил елегантен начин за сите да го спасат образот. Турција да се ослободи од политичкиот товар на Западот и да ја оптимизира воздушната одбрана на домашна технологија додека Русија би ги обновила залихите или би ги забрзала испораките до трети земји. Со то САД би добиле сигнал за деескалација на линијата Анкара-Вашингтон за деликатното прашање Ф-35/ ЦААТСА.
Сето ова, секако, под услов веќе да има преговори зад сцената.